Градоначалникот Иван Јорданов денес ја оствари петтата еколошка акција во Горна Железничка |
Saturday, 27 November 2021 14:26 | |||
There are no translations available. Директорите на јавните претпријатија ЈП Исар и ЈП Стипион, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денес ја оствари петтата еколошка акција во Горна Железничка.
Градоначалникот Иван Јорданов разговараше со задоволните жители кои активно помогнаа во расчистување на смет и шут од нивната населба. Покрај оваа акција Градоначалникот направи увид и во градежните активности за асфалтирање на долгоочекуваната улица во населба Железничка. Напролет, Градоначалникот вети дека повеќе оваа населба нема да биде со кал и прашина, туку населба со асфалтирани улици, со зелени паркови површини и исправна и нова канализациона и водоводна мрежа.
|