Предлог проектна програма - Е 1.13 фотоволтаични електрани на КП 388/2, КО Врсаково, Општина Штип |
Friday, 15 October 2021 12:40 | |||
There are no translations available.
Согласно член 58, став 6, како и член 62, став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.32/20) пред изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план се изработува проектна програма. Согласно тоа, како и врз основа на член 60 точка 1 од Правилникот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.225/20) проектната програма ја изработува и заверува барателот за одобрување на проектната документација. Со неа се утврдува границата и содржината на планскиот опфат и истата се состои од текстуален и графички дел.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, зафаќа површина од приближно 3,8 ха. Во рамките на проектниот опфат влегува следната катастарска парцела: КП БР. 388/2 КО ВРСАКОВО, ОПШТИНА ШТИП
Опфатот е дефиниран со следните граници:
- Од запад граничи со КП 388/2, КО Врсаково
- Од север граничи со КП 389, КО Врсаково (некатегоризиран пат)
- Од исток граничи со КП 386/2 и КП 386/1 , КО Врсаково
- Од југ граничи со КП834/2 КО Врсаково
Површината која ја опфаќа опишаната граница изнесува 2,2ха.
|