Барање за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план |
Monday, 05 March 2012 09:41 | |||
Согласно член 134, член 135 и член 136 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), до Градоначалникот на Општина Штип доставено е барање за Дозвола за усогласување со оперативен план (Уп I бр. 22/11-490 од 30.12.2011 год.). Подносител на барањето: Ефтим Шаклев, Свињарска фарма со 80 маторици
Адреса на подносителот: ул. „Доланска“ бр. 6 Штип Локација на инсталацијата: На 1 км. од железничката станица во близина на градот Штип Контакт лице: Овластен преставник: Ефтим Шаклев Категорија на инсталацијата: Инсталации за интензивно свињарство или живинарство со повеќе од: (б) 100 до 2.000 места за гоење свињи (над 30кг) или (в) 50 до 750 места за маторици Вид активности: Одгледување на гоеници годишно, односно проектиран капацитет за 1.500 гоеници годишно – основно стадо од 80 маторици Целокупнта документација содржана во барањето, предлог – оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето, во еден национален весник и на web страната www.stip.gov.mk Лице за контакт: м-р Софче Трајкова Секој работен ден од 08.30-16.30 часот Контакт телефон:032/226-643
|