Заклучоци од прва средба на УО на Солидарен Фонд |
Wednesday, 14 February 2018 15:42 | |||
There are no translations available. Денеска се одржа првата средба на претставниците на повеќе релевантни субјекти во Управниот Одбор на Солидарниот Фонд, којшто се формира по иницијатива на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. По покренувањето иницијатива за формирање ваков фонд, Општина Штип стапи во контакт со невладини организации коишто имаат искуство во оваа област и отвори соработка со нив. Како резултат од таа соработка беше донесена одлука да се формира Управен Одбор на Солидарен Фонд, во којшто ќе учествуваат претставници на повеќе субјекти. Управниот одбор на првиот работен состанок ги донесе следниве одлуки: - Дефинитивно Солидарниот фонд ќе се формира како Фондација. - За собирање основачки влог од 10.000 евра е потребно да се вклучат деловните банки. - Намената на Фондот ќе биде за лекување на луѓе во странство. - Управниот одбор одлучи да го прошири Управниот Одбор на Фондот, поради потребата од стручни лица од Фондот за здравство. - Задолжени за предлог изработка на правилник, критериуми и статут ќе биде Фондацијата за развој на локалната заедница(ФРЛЗ). - За непречно функционирање на Фондот како администратор ќе биде поставено лице од одделението за поддршка на Советот. На состанокот се разговараше и околу начинот на којшто ќе се полни Фондот. Постојат повеќе предлози, како организирање хуманитарни акции, настани, отворање телефонска линија и сл. Подетално околу полнењето на Фондот ќе се одлучи на вториот работен состанок.
|