Избор на градоначалникот Благој Бочварски за ко-претседавач на Делегација од РМ што ќе учествува во работата на ЗКК со ЕУ |
Friday, 16 February 2018 15:17 | |||
There are no translations available. Ве известуваме дека денеска во просториите на ЗЕЛС се одржа првиот состанок на членовите на Делегацијата од Република Македонија кои ќе учествуваат во работата на Зaедничкиот консултативен комитет (ЗКК) со Европската Унија. Делегатите се запознаа со начинот на работа и значење на ЗКК, како и со реализираните и идни програмски активности. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, е именуван за ко-претседавач во име на Делегацијата од Република Македонија што ќе учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет со Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони. Работата на ЗКК ја водат двајца ко-претседавачи, од кои, од страна на Република Македонија е избран Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип. Во име на Делегацијата од Комитетот на региони на Европската Унија, ко-претседавач е Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље, Словенија. Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони, третира различни теми од области за кои ингеренции имаат локалните власти, меѓу кои можности за искористување европски фондови, рурален развој, енергетска ефикасност, децентрализација, живтона средина и сл. Делегатите на ЗКК можат и да разменуваат мислења околу годишни извештаи за напредокот на Република Македонија кон ЕУ, објавени од Европската комисија.
|