Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април |
Thursday, 05 April 2018 14:25 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, на сите сограѓани од ромската заедница. „Во мое име и во име на Општина Штип го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, на сите наши сограѓани од ромската заедница. Доделената награда за најпријателска ромска Општина е доказ дека сме на вистинскиот пат за градење на едно опшстество за сите. Вие Ромите сте наши сограѓани, дел од нашето приватно и професионално секојдневие и затоа денес во 21 век треба еднакво да се градите во сите делови од општественото живеење. Ние како локална власт се вклучуваме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои вие граѓаните од ромската заедница се соочувате и ќе ги обезбедиме сите права и обврски кои ви се загарантирани со Уставот на Република Македонија. Ве повикувам сите заедно да се исправиме пред предизвиците кои надвиснуваат над ова општество, затоа што сега повеќе од кога било е важно да бидеме сплотени. Нека ви е честит интернационалниот ден на Ромите – 8 април,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.
|