ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА |
Thursday, 30 November 2017 11:26 | |||
There are no translations available. Од 1 декември 2017 година, Општина Штип и општинската администрација ќе работат со ново работно време. Администрацијата во текот на следниот период ќе работи со почеток од 7:30 до 15:30 часот, наместо досегашното работно време од 7 до 15 часот.Паузата на администрацијата ќе биде од 10:30 до 11:00 часот. Со ова се усогласува работното време во општината согласно одлуката на Владата на РМ од јули годинава,со цел унифицирање на работното време во државните органи. Со новото работно време се настојува граѓаните да имаат можност да завршат одредени обврски во општината во поглед на документација, сервиси или услуги а во корелација со нивното работно време.
|