Писмена реакција на прес конференција на советник од редовите на ОК ВМРО ДПМНЕ Штип |
Monday, 28 January 2019 15:37 | |||
There are no translations available. Иронично е тоа што советникот Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ зборува за покренување на иницијатива за решавање на овој проблем, којшто изминатите 8 години немо го набљудуваше и немаше слух за вистинските потреби на граѓаните. Општина Штип и локалната власт ги решава темелно и суштински потребите на граѓаните! Градоначалникот Бочварски има извршено увид во населбата Шардаван баши, кадешто граѓаните имаат проблем со вода и веќе јавното претпријатие Исар работи на основен проект за резервоар и водоводна линија до највисоките делови на оваа населба. По завршување на основниот проект, ќе се работи на ревизија на истиот за целосно јасна финансиска конструкција и потоа ќе се пристапи со трајно решавање на овој проблем. Локалната власт во овој дел од градот работеше на изградба на водоводна, канализациона линија и нова пристапна улица со инвестициона вредност од 800.000 денари.
|