Честитка по повод празникот Курбан Бајрам |
Sunday, 11 August 2019 14:21 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, до сите верници од муслиманска вероисповед испраќа топла и срдечна честитка. „Дозволете ми на сите припадници на Исламот да им посакам овој празник - Курбан Бајрам да им донесе мир, спокој и бериќет. Во суштината на овој голем празник е идејата дека добрината треба да биде водилка во спроведувањето на секојдневните активности и интеракциите со нашето опкружување. Сите ние го прифаќаме принципот наша главна оставштина да биде добрината која ќе ја почувствуваат сите во општеството, а особено оние на кои им е најпотребна нашата помош. Вредностите што празникот ги слави и возвишува се универзални и ги поврзуваат сите различни групи луѓе. Тоа се вредности како што се помагањето и солидарноста со пријателите, со соседите, со сите коишто се околу нас, тоа се вредности кои сите заедно треба да ги негуваме и одржуваме. Пораката која сите можеме да ја извлечеме од Курбан Бајрам е дека треба постојано да ја негуваме добрината кон другиот, добрината кон различните. Тоа е порака водилка и за сите нас, затоа што на тој начин ќе успееме во нашите напори да ја зајакнуваме нашата општествена заедница и тоа токму во духот на максимата „едно општество за сите“, затоа што тоа е единствен пат кој води до наш заеднички дом, во кој секој граѓанин има рамноправен пристап до исти услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|