Home Announcements Писмена реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Писмена реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Tuesday, 13 August 2019 14:07
There are no translations available.

Граѓаните имаат право да знаат за тоа во која насока се движат општествените текови кои го одредуваат нивното секојдневие.

Дополнително, граѓаните имаат право на ефективна локална самоуправа која ќе им биде на располагање и ќе реализира проекти во нивна полза. Од тие причини, потребно е локалната самоуправа континуирано да го негува слухот за потребите и расположението на граѓаните кон конкретни случувања.

Тоа се постигнува преку редовно мерење на нивното задоволство од услугите кои ги добиваат и проектите кои локалната самоуправа ги спроведува. Вакви информации се особено корисни и податливи во секојдневното работење на локалната самоуправа, независно од тоа дали има избори или не.

Последната анкета покажува големо задоволство кај штипјани од работењето на локалната самоуправа. Имено, резултатите покажуваат дека огромен процент од граѓаните даваат голема поддршка за проектите на кои работи оваа локална власт, односно 88% од штипјани даваат поддршка за изградба на брана на реката Отиња, 94% даваат поддршка за гасификација на општината, а 95% даваат поддршка за изградбата на градинката во населба Сењак.

Наспроти неоснованите обвинувања, факт е дека оваа анкета не е партиска, туку е показател за успешните локални политики во Штип. Резултатите од анкетата нè охрабруваат и ни покажуваат дека сме на вистинскиот пат.

Ќе продолжиме да работиме и понатаму во целост посветени на потребите на штипјани.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize