Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Wednesday, 14 August 2019 14:05 | |||
There are no translations available. Очигледно е дека паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е огромна веројатно поради позитивните резултати и бројки кои произлегуваат од оваа анкета, поради огромниот процент на граѓанска поддршка за нашите проекти и политики, за изградба на брана на реката Отиња, изградбата на детската градинка, проектирањето на гасификацијата, СРЦ Суитлак и многу други проекти. За жал ВМРО-ДПМНЕ сеуште мисли дека партијата и државата се едно, како што беше во време на нивното владеење. Би сакале да ве информираме дека интересите на Општина Штип и на граѓаните не можат и не смеат да се поистоветат со интересите на една политичка партија. Општина Штип направи сондажа и мерење на јавното мислење, нешто што е практика секаде, а врз база на тие податоци ќе креираме идни политики и проекти за развој на општината. Оваа анкета е спроведена по закон за јавни набавки во отворена и транспарентна постапка на која може да конкурира секој субјект кој врши ваква дејност. Општина Штип и понатаму ќе продолжи да комуницира со граѓаните, да го слуша гласот на граѓаните преку сондажи и мерења, средби по урбани заедници и средби во просториите кај градоначалникот и службите во општината, кои стојат на нивно располагање. Досега градоначалникот како пракса во својот кабинет има разговарано со преку 5000 граѓани што е уште еден доказ за отвореноста на нашата Општина.
|