Одржана работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родова рамноправност 2018 - 2023 година на Општина Штип |
Tuesday, 18 September 2018 09:12 | |||
There are no translations available. Реализирањето на визија за градот секако го опфаќа концептот за еднаквост на сите граѓани на нашиот град. Тоа подразбира еднаков пристап до сите добра и услуги, еднаков третман на сите, отсусто на секаков вид на дискриминација и исклучување на било која група на граѓани. Штип треба да биде модерен град на слободоумни, отворени граѓани кои ги остваруваат своите права и обврски во една демократска атмосфера. Секој граѓанин може да ги даде своите предлози и идеи за подобра иднина на сите. За остваруавањето на ваквата визија, како и за постигнување на рамноправност на сите граѓани, независно од полот, потребно е заедничко залагање на сите релевантни институции. Според Законот за еднакви можности, една од институциите која има обврска да го унапредува концептот на родова рамноправност е и општината. Затоа, во рамки на своите надлежности, Општина Штип организираше и реализира работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родовата рамноправност. Истата беше финансиски потпомогната од страна на UN Women (ОН Жените), организација на Обединетите нации која е посветена на родовата еднаквост и унапредувањето на правата на жените и девојките. На работилницата присуствуваа претставници од Советот на општина Штип, од институции, од здруженија на граѓани и од општинската администрација. Целиот процес го водеа стручен консултант ангажиран од UN Women како и претставник од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Беа дефинирани силните и слабите страни на полето на родовата еднаквост, се дадоа приоритети каде треба да се делува, како и замисла за тоа како учесниците го гледаат градот во иднина и каков сакаат да биде за сите граѓани. Во наредниот период ќе следува доработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност и нејзино претставување пред граѓаните на општината на веб страната, со можност за давање предлози и идеи од граѓаните и нејзино конечно финализирање. Со тоа ќе се добие стратешки документ кој во значителна мера ќе ја дефинира и определи понатамошната работата на Комисијата за еднакви можности на координаторот за еднакви можности во иднина.
|