Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности Одржана работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родова рамноправност 2018 - 2023 година на Општина Штип
Одржана работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родова рамноправност 2018 - 2023 година на Општина Штип
Вторник, 18 Септември 2018 09:12

Strategija-RR-01Реализирањето на визија за градот секако го опфаќа концептот за еднаквост на сите граѓани на нашиот град. Тоа подразбира еднаков пристап до сите добра и услуги, еднаков третман на сите, отсусто на секаков вид на дискриминација и исклучување на било која група на граѓани. Штип треба да биде модерен град на слободоумни, отворени граѓани кои ги остваруваат своите права и обврски во една демократска атмосфера. Секој граѓанин може да ги даде своите предлози и идеи за подобра иднина на сите.

За остваруавањето на ваквата визија, како и за постигнување на рамноправност на сите граѓани, независно од полот, потребно е заедничко залагање на сите релевантни институции. Според Законот за еднакви можности, една од институциите која има обврска да го унапредува концептот на родова рамноправност е и општината.

Затоа, во рамки на своите Strategija-RR-02надлежности, Општина Штип организираше и реализира работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родовата рамноправност. Истата беше финансиски потпомогната од страна на UN Women (ОН Жените), организација на Обединетите нации која е посветена на родовата еднаквост и унапредувањето на правата на жените и девојките. На работилницата присуствуваа претставници од Советот на општина Штип, од институции, од здруженија на граѓани и од општинската администрација. Целиот процес го водеа стручен консултант ангажиран од UN Women како и претставник од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Беа дефинирани силните и слабите страни на полето на родовата еднаквост, се дадоа приоритети каде треба да се делува, како и замисла за тоа како учесниците го гледаат градот во иднина и каков сакаат да биде за сите граѓани.

Во наредниот период ќе следува доработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност и нејзино претставување пред граѓаните на општината на веб страната, со можност за давање предлози и идеи од граѓаните и нејзино конечно финализирање. Со тоа ќе се добие стратешки документ кој во значителна мера ќе ја дефинира и определи понатамошната работата на Комисијата за еднакви можности на координаторот за еднакви можности во иднина.

 Strategija-RR-03Strategija-RR-04Strategija-RR-05Strategija-RR-06Strategija-RR-07Strategija-RR-08Strategija-RR-09Strategija-RR-10Strategija-RR-11Strategija-RR-12

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize