Одржана работна средба за изготвување на Годишна програма за еднакви можности на Општина Штип за 2019 година |
Friday, 14 December 2018 14:31 | |||
There are no translations available. За успешно спроведување на родовата рамноправност и еднаквите можности, покрај постоењето и функционирањето на повеќе тела во рамки на Општината, како што се: Комисијата за еднакви можности на Општина Штип, Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, Локалната комисија за борба против трговија со луѓе, потребно е систематизирање и планирање на сите активности во стратешки документи, како што се Стратегија за родова рамноправност, Годишна програма за еднакви можности и сл. Со ваквите документи кои ќе ги донесе општината, со усвојување од страна на Светот ќе се дефинираат проекти и активности со точно утврдени цели, датум на реализација, крајни корисници, чинители кои ќе ги реализираат активностите итн. За таа цел, на 13 декември во салата на Советот на Општина Штип се одржа работна средба на претставници од повеќе институции, претставници од од невладинот сектор и од општинската администрација од општината. На работната средба која ја организираа и водеа коориднаторката Снежана Санева и заменик координаторката за еднакви можности Марина Митревска на присутните им беше презентирана работната верзија на Стратегијата за унапредувње на родовата рамноправност на Општина Штип 2018-2023 год. како и претходната Програма за еднакви можности на Општина Штип за 2018 година. Презентирањето на двата документи беше со цел да се добие дополнителен стимул за планирање на идните активности за Годишната програма за наредната 2019 година. На работната средба од страна на присутните беа дадени повеќе предлози и идеи за спроведување на активности на планот на еднаквите можности. Предлозитекои беа евидентирани ќе бидат разгледани и вметнати во Годишната програма за еднакви можности на Општина Штип за 2019 година, согласно можностите и капацитетите на општината.
|