Одржана работилница на Мултисекторските тимови на заедниците на Штип и Струмица во Дојран од 20-22 декември 2018 |
Wednesday, 16 January 2019 13:23 | |||
There are no translations available. Во рамки на проектот „Leading the visionaries to create waves of change for Gender Equality“ кој го спроведува Едукативно хумантарната организација – ЕХО од Штип, а е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna till kvinna (Жена за жена) од Шведска, од 20 до 22 декември во Дојран се одржа тридневна работилнца на тема „ Родова сензибилизација на членовите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојчиња, жртви на насилство“. Целта на работилницата беше изготвување на документ на јавни политики со препораки за унапредување на законската легислатива поврзана со насилството врз жените, како и Тим - билдинг работилница за родова сензибилизација на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојчињата од насилство од општинте Штип и Струмица. Овие Мултисекторски тимови моментално постојат само во два града во Република Македонија, Штип и Струмица и се формирани со цел координирани заеднички активности на сите релевантни засегнати страни на локално ниво во заштитата од родово базираното насилство. Овие тимови се формирани благодарение на заложбата на НВО ЕХО од Штип и на Организацијата на жени од Струмица кои долги години се бават со проблематиката на насилството врз жени и девојчиња и имаат значајна улога во процесот на ратификување на документи од меѓународен карактер кои се бават со темата „насилство врз жени и девојки“ како што е Истанбулската конвенција за заштита на жени и девојчиња од насилство“ која во Република Македонија беше ратификувана на 29 декември 2017 година, а истата стапи на сила на 1 јули 2018 година. На работилницата се потенцираше дека Клучни заклучоци од Истанбулската конвенција се дека насилството врз жените е родово базирано насилство, дека женте се држат во потчинета положба и тие се во нерамноправна положба со мажите. Покрај констатирање на состојбите, беа истакнати и главните цели на Конвенцијата како што се: заштита од сите форми на нсилство врз жени: физичко, сексуално, економско, психолошко и др., потоа елиминирање на сите видови на насилство, промовирање на еднаквост, создавање на сеопфатна рамка политики и мерки за заштита од насилство, создавање на мултисекторски пристап во решавање на насилството, обезбедување на помош и поддршка на организации кои се бават со заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња. Во наредниот период ќе се работи на обезбедување на функционалност и ефективност на Мултисекторските тимови во борбата протв родовобазираното насилство.
|