Одржана обука за заштита од дискриминација |
Thursday, 24 October 2019 08:01 | |||
There are no translations available. Од 2 до 4 октомври 2019 год во Берово се одржа обука на тема: „Користење и спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација на локално ниво за унапредување на правата на маргинализираните заедници“. Проектот е финансиски поддржан и организиран од граѓанските организации кои се дел од националната мрежа за заштита од дискриминација. На обуката беа поканети претставниците од Локалните координативни тела за заштита од дискриминација на општините Штип, Струмица и Куманово. Овие тела беа формирани во 2016 година , како дел од проектот за унапредување на правата на маргинализираните групи во локалните самоуправи и во Собранието на Република Македонија. Како претставници од Локалното координативно тело од Општина Штип беа координаторката на телото Снежана санева и претставничката на НВО Цивитас, Павлина Николовска.Снежана Санева на почетокот на работилницата на присутните преку презентација им ги претстави составот и работата на Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на Општина Штип. Во текот на обуката беа обработувани следните теми: - Нов Закон за спречување и заштита од дискриминација: разликите со претходниот закон, придобивки и можности за делување.Унапредување на анти-дискриминационото законодавство. - Дискриминација врз основа на род, родов идетитет и сексуална ориентација. Унапредување на законската рамка за правата на жените и ЛГБТИ луѓето. Човековите права и парадите на гордоста. Истанбулска конвенција и заштитата на правата на жените и ЛГБТИ луѓето. - Прекршување на правана на луѓето што употребуваат дроги. Дискриминација врз основа на здравствен статус. Декриминализација на употребата на дроги како модел заснован на човекови права. - Дискриминација и други прекршувања на правата на сексуалните работници. Случаи и најдобри практики. Модели за регулација на сексуалната работа и нивната комплементарност со човековите права. - Дискриминација врз основа на етничка и расна припадност. Дискриминација кон Роми. Интерсекциска дискриминација кон Ромки. Најчести прекршувања на права и сегрегација. - Дискриминација кон луѓето со попреченост. Дискриминација во здравството и сегрегација во образованието. Во завршниот дел се реализираше Работилница за следни чекори и активности на локалните координативни тела за заштита од дискриминација, односно изготвување на нови Акциски планови за заштита од дискриминација во трите општини за 2020 година.
|