Home Еднакви можности Одржана работна средба на координаторите за еднакви можности во ЗЕЛС
Одржана работна средба на координаторите за еднакви можности во ЗЕЛС
Thursday, 31 October 2019 14:26
There are no translations available.

09 Sredba KEM 25102019На 25 октомври во просториите на ЗЕЛС координаторката Ирена Николов одржа координативна работна средба со општинските координатори за еднакви можности. На средбата беше присутна координаторката од Штип Снежана Санева.

Сребата беше во насока на унапредување на состојбите на планот на родовата рамноправност и на истата беа презентирани активности од идниот проект на тема: Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“(2019-2021). Проектот ќе го реализира ЗЕЛС со поддршка на UN Women и ќе се спроведува до втората половина на 2021 година. Основната цел на проектот е општините да имплементираат напредни политики за родова еднаквост на локално ниво.

Фокусот ќе биде ставен на пошироко информирање и вклучување на целокупната општинска администрација за тоа што претставува родово одговорно буџетирање, кои се обврските на општината и како таа да обезбеди јакнење на свеста на граѓаните за градење на квалитетни политики за родова еднаквост на локално ниво. Во таа насока, освен обуките што ќе ги реализира ЗЕЛС за координаторите и за членовите на комисиите за еднаквите можности на жените и мажите, ќе бидат реализирани обуки и за лицата од секторите или одделенијата за финансии и планирање на буџет, како и за лицата за односи со јавноста (ПР). Целта е да се влијае за доследна примена на обврските на општините кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; да се развиваат стратегиски документи за родова еднаквост; полесно да се препознаат специфичните потреби на жените и на мажите на локално ниво; да се унапреди партиципативниот принцип при планирањето на општинскиот буџет и следствено на тоа и да се лоцираат финансии во истиот, во согласност со претходно утврдените потреби на граѓаните. Во таа насока, во општините се повеќе се развиваат интер-секторските работни групи, кои во голем број општини активно работат на адекватно утврдување на Програмата за еднакви можности на мажите и жените, чие подготвување претставува законска обврска за секоја општина. Во општина Штип во тек е постапката за формирање на Интерсекторкска работна група за еднакви можности.

Покрај ваквите активности, беше кажано и дека е формирана и лоби група од десет члена од кои пет се жени градоначалнички и пет претседателки на совети. Нивна задача ќе биде да лобираат за спроведување на концептот на еднаквите можности на мажите и жените пред централната власт.

Присутните беа информирани дека во проектот е предвидено натамошно унапредување на електронската платформа за родово одговорно буџетирање www.rob.zels.org.mk., што ја креираше стручната служба на ЗЕЛС.

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize