Работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски |
Thursday, 01 February 2018 15:42 | |||
There are no translations available. Денеска се одржа работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на којашто присуствуваше и директорот на Управата за водостопанство, професор од Градежен факултет во Скопје којшто бил еден од изработувачите на актуелниот проект за брана на река Отиња, како и претставници на служби во Општина Штип. На денешната работна средба се разговараше за идните чекори коишто ќе бидат преземени од страна на Општина Штип во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со цел реализација на овој особено значаен проект за граѓаните на Општина Штип. Изградба на брана на река Отиња е проект којшто со консензус е прифатен и претставува повеќедецениска желба на штипјани. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека за 2018 година се предвидени десет милиони денари за обнова на целокупната документација. Градоначалникот Бочварски го изрази своето задоволство од подготвеноста на сите релевантни фактори да се вклучат во комплетирањето на овој значаен проект. „Драго ми е што овој проект е високо на агендата на Влада на Република Македонија, бидејќи за Општина Штип претставува еден од врвните приоритети,“ истакна градоначалникот Бочварски. Изградбата на брана на река Отиња е капитален проект чијашто реализација беше ветена во предизборниот период. Во моментов се преземаат сите потребни чекори и се остваруваат максимални заложби за да се забрзаат процедурите и час поскоро да се започне со реализација.
|