Одбележување на ден на раѓање на Гоце Делчев |
Sunday, 04 February 2018 14:38 | |||
There are no translations available. Денеска Општина Штип го одбележа денот на раѓање на идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кај спомен релјефот на Делчев во Ново село. На чествувањето со поздравен говор се обрати градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски: - Денеска го чествуваме денот на раѓањето на револуционерот, патриот, неуморен борец за слободна Македонија, за подобро утре, идеологот на македонското движење, Гоце Делчев. Симболиката на нашето денешно чествување е голема, затоа што се наоѓаме на местото во коешто Делчев учителствувал, а на кое денес се наоѓа ректоратот на универзитетот што го носи неговото име. Стратегот на националноослободителното движење на македонскиот народ од почетокот на минатиот век, визионер, хуманист и космополит, Гоце Делчев јасно го изрази слободарскиот дух во разбирањето на светот како „поле за културен натпревар меѓу народите“. Во тој дух Република Македонија и денес ја продолжува и одржува својата позција на независна и суверена држава. Република Македонија денес, како мирољубива држава во Европа, својата надворешна политика ја гради врз Повелбата на Обединетите нации: јакнење на меѓународниот мир и безбедност, развивање на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите. Внатре, фокусирани сме на она што ги зближува граѓаните, на нивните заеднички интереси. Гоце Делчев се залагал за еднакво општество за сите, а со сета своја револуционерна дејност и посветеност тој ги надмина тесните рамки на националната слобода и излезе со својот хуманизам и космополитизам. Гоце бил човек кој не знаел за национализам, шовинизам и слични зла. Тој е човек од кого можеме многу да научиме. Го следиме неговиот пример и градиме општество за сите во кое културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат.
|