Благој Бочварски ја презеде функцијата градоначалник на Штип |
Monday, 06 November 2017 11:28 | |||
There are no translations available. Благој Бочварски и официјално е градоначалник на Штип. Тој денес го прими уверението и за првпат влезе во градоначалничкиот кабинет, но неговиот претходник Илчо Захариев не беше присутен на примопредавањето на функцијата: - Во цела држава имаме примопредавање на функциите на демократски и цивилизиран начин, но тоа не се случи овде. Очекував мојот претходник да се појави и да ме запознае со состојбата на буџетот и проектите, но што е тука е, кажа новиот градоначалник Бочварски. Неколку денови претходно, Захариев писмено соопшти дека остава буџет со 4,3 милиони денари во него, 69 милиони побарувања и 6,6 милиони денари, тековни обврски. Сепак, новиот градоначалник Бочварски уште за денес оддржа итен состанок со сите раководители и директори на јавните претпријатија, за изворно и од нив да ја слушне фактичката состојба. Приоритет е најголемото јавно претпријатие „Исар“ каде треба да се исплатат плати.Инаку, на својот прв работен ден како градоначалник на Штип, Благој Бочварски најави посветеност и одговорност во наредниот четиригодишен период: - Верувам во успешна соработка со целата администрација, имаме многу проекти кои треба да се реализираат и со дополнителни нови идеи, ќе ја продлабочуваме нашата соработка и програма, за да на крај, по четири години да бидеме горди на сработеното, рече градоначалникот Бочварски.
|