Конституиран новиот Совет на Општина Штип |
Monday, 06 November 2017 13:20 | |||
There are no translations available. Советникот Јане Миланов, со 12 гласови „За“ и 11 „воздржани“ е избран за Претседател на Советот на Општина Штип. - Како претседател на Советот, ќе работам во интерес на граѓаните на Штип и се надевам дека со двете коалиции ќе имам добра соработка. Сакам да се заблагодарам за довербата и се надевам дека сите заедно, на чело со градоначалникот Благој Бочварски ќе работиме во интерес на граѓаните - напомена Миланов. На денешната конститутивна седница, верификуван е мандатот на новите 23 советници а формирани се у Комисиите како помошни тела на Советот на Општина Штип. Седницата ја отвори најстариот советник, Иван Бојаџиски кој раководеше со седницата се до изборот на новиот претседател. На седницата присуствуваше и ново избраниот градоначалник на штип, Благој Бочварски. Имајќи во предвид дека Штип во среда го одбележува денот на ослободувањето, 8 ноември, Советот на денешнатра седница избра и Комисија која ги разгледува пристигнатите предлози за признанието 8 ноември кое се доделува традиционално на денот на ослободувањето на градот.
|