Градоначалникот Бочварски на одбележувањето на 50 години ДЛУШ |
Wednesday, 08 November 2017 10:59 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски вчера присуствуваше на добележувањето на 50 години од постоењето на ДЛУШ. Штипското Друштво на ликовни уметници одбележа половина век постоење. Големиот јубилеј и Денот на ослободување на градот, беа причина за голема изложба во Уметничката галерија Безистен: - На оваа изложба се застапени дела на над 30 членови на ДЛУШ, меѓу кои има дела и на некои починати членови. Застапени се скоро сите техники од масло на платно, цртежи, скулптури во мермер, во бронза и слично, изјави Никола Смилков, претседател на ДЛУШ. Друштвото на уметници на Штип е едно од најстарите културно-уметнички здруженија на граѓани во државата.
|