Home Events Доделени признанијата осми ноември на свечена седница на Советот на Општина Штип
Доделени признанијата осми ноември на свечена седница на Советот на Општина Штип
Wednesday, 08 November 2017 12:37
There are no translations available.

sednica01Општина Штип денес оддржа свечена седница по повод денот на ослободувањето на градот, 8 ноември при што беа доделени и традиционалните признанија.

Согласно одлуката на Комисијата за доделување на признанија и награди и на Советот на Општина Штип, годинашни добитници се пет лица и тоа Влатко Костов,за вонредни залагања, високиот професионализам и даден придонес во развојот на спортот и неговата афирмација, м-р Ивана Ѓурѓевиќ Јанков, за даден придонес во промовирање и афирмирање на Штип и културата на хорско пеење преку градскиот хор Штип, Александар Арсовски, за вонредни залагања во сферата на

хуманитарната работа и обезбедување донации во здравството,

Горан Трајков, за исклучителниот придонес sednica03во промовирање на правата на работниците во кожарско-текстилната струка преку ангажманот во здружението на граѓани „Гласно“-Штип, Зоран Илиев, за даден придонес во развојот на музичката култура и афирмацијата на македонската забавна песна. Наградите им ги врачи градона градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој во својот говор напомена:

- Денес без страв дишеме слободно. За денес ние вака слободно да општиме, да живееме се заслужни луѓето кои во 1944 го дале својот живот за најценетото нешто.

Никако не смееме да заборавиме за храброста, доблеста и пожртвуванаста на сите кои го дале својот живот во НОБ.Слава им !

Градоначалникот Бочварски напомена дека богатата историја, личностите кои произлегле и дале придонес за градот, културата се богатство кое треба да се негува. Тој напомена дека како нова локална самоуправа има свои визии за правецот по кој треба да се движи општината и најави некои од проектите:

-sednica05 Младите мора да ја превземат целата одговорност за иднината на градот, затоа што без нив нема иднина. Неповратни грантови за иноватори, неповратни грантови за млади земјоделци. Една од најважната работа е младинската гаранција.Младинската гаранција значи во одреден период државата да финансира директно пари за бруто-плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се обучуваат или трајно да се вработат. За бизнис-заедницата тоа ќе значи бесплатно подготвување кадар, обучување на претходно теоретски подготвените млади луѓе.

Спортот исто така е сегмент кој е поврзан со младите:

- Брегалница ќе ја вратиме во првата македонска лига. Спортистите на градот ќе добијат услови за работа кои се неопходни за создавање на добри резултати. Во овој мој мандат ќе работиме неуморно за секој граѓанин да ги има елементарните услови за живот-водовод и канализација.Нема да правиме разлика помеѓу градски, приградски населби, села.Огромни средтва ќе заштедиме со воспоставување на соларни панели на јавните институции.Термоизолациони фасади, Лед штедливи светилки за улично осветлување.Мракот во градот ќе стане минато. Лицата со посебни потреби ќе ги добијат неопходните услови за да можат и тие да уживаат во градот.

Тие, како што кажа Бочварски, побараа ниски тротоари, пристапни рампи, дидактички светла за слепите лица.Исто така најави и мала но важна подршка за самохраните родители а тоа е бесплатна градинка.

- Ги подржуваме и младите брачни парови да се осамостојат, да формираат сопствен дом. Општината ќе ги намали сметките за комуналии за 50% за они кои ќе изградат дом до 150м2. Браната на река Отиња, конечно штипјани ќе бидат сведоци на почетокот на реализацијата на овој сон.Кога сме кај она што е капитално, и што ќе остане траен белег тука е СРЦ „Суитлак’’. Отворен затворен базен, сала за боречки вештини, аква парк, велосипетски патеки.

Во име на наградените се обрати Александар Арсовски кој напомена дека признанијата се мотив за уште поголема работа. Со седницата раководеше ново-избраниот претседател на Советот, Јане Миланов а на седницата присуствуваа бројни гости од општествениот живот, од АРМ, од СВР, од Штипскиот Универзитет, судските институции и други.

sednica08sednica11

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize