Градоначалникот Бочварски на поетска средба со Михаил Ренџов |
Friday, 10 November 2017 11:12 | |||
There are no translations available. Вчера во Дом на млади се оддржа поетска средба со наслов „Јас.елегии“ од Михаил Ренџов. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Се работи за книга која годинава ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, како најдобра поетска книга меѓу две манифестации: - „Јас.Елегии“ се вика книгата, тоа се тажалинки. Годините сами си го кажуваат тоа бидејќи се стеснуваат гледиштата, се стеснуваат просторите на движење, се стеснуваат желбите итн - рече поетот Ренџов. Оваа книга е на некој начин творечко резиме на поетот Ренџов.
|