Home Events Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на Невладиниот сектор
Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на Невладиниот сектор
Wednesday, 13 December 2017 14:42
There are no translations available.

NVO-01Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски оддржа прва средба со претставници на Невладините организации. Целта на средбата е да се воспостави соработка и да се разменат мислења околу можностите локалната самоуправа со средства од буџетот да финансира проекти од граѓанскиот и невладиниот сектор:

- Можеби средствата се ограничени, тоа е факт. Но, многу е важно како ќе се искористат тие средства наредната година, дали ќе се искористат за правилните проекти, кои се најпотребни за граѓаните на општина Штип, и дали воопшто ќе се искористат тие пари. Многу често се случува да се одвојат средства во буџетот, меѓутоа при првиот ребаланс да се повлечат затоа што немаме никаква реализација, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Според податоците на невладината ИНИ, општина Штип во 2013 издвоила 26,7 милиони денари за граѓанскиот сектор, додека во 2016 сумата за таа намена изнесувала 16,2 милиони денари. Градоначалникот Бочварски повика на зголемување на ефикасноста во реализацијата на проектите од страна на НВО секторот.

NVO-02NVO-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize