Соопштени добитниците на наградите „19 декември“ – Орденот „Свети Никола“, постхумно за Киро Глигоров |
Friday, 15 December 2017 08:06 | |||
There are no translations available.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски , во прерсет на одбележувањето на Денот на градот „19 декември“ и патрон на Штип „Свети Никола“, денес ги објави имињата на добитниците на наградите и на орденот „Свети Никола“. Највисокото одличје, орденот го доби починатиот и воедно прв претседател на независна Макеоднија, Киро Глигоров:
- Орденот постхумно му го доделуваме на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров за да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања и да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја. Претседателот Киро Глиговор е историска фигура со големи заслуги за кои што, што и да направиме ќе биде малку да му се оддолжиме и заблагодариме. Мораме активно да работиме на оддржување на споменот на патриотизмот, храброста и решителноста на овој човек со највпечатлива биографија во современата македонска историја. Таа должност ја имаме сите граѓани, посебно ние штипјани – напомена градоначалникот Бочварски.
Наградите „19 декември“ ги добија: Трајан Анеглов (бизнисмен), Бобан Николов (фудбалер), Наташа Петровиќ (актерка) и Сања Арсовска (актерка). На прашањето на новинарите според кои критериуми се доделени наградите, градоначалникот Бочварски кажа:
- Сите овие добитници ги избравме по критериум на нивните достигнувања, посебно за нашите штијани кои изминатите години оставиле свој печат за нашиот град и за цела Македонија а јас би рекол дека се препознатливи по своите достигнувања во своите професии. Зборуваме за личности од културата, бизнисот и спортот и горд сум што има вакви сограѓани со вакви големи достигнувања со кои ние се гордееме.Имавме голем избор пред нас но моравме да се одлучиме за неколку наши сограѓани кои во секој случај ја заслужуваат наградата.
Тој напомена дека во текот на годините ќе се настојува сите оние кои заслужиле, да добијат награди и признанија и дека има многу такви.
Орденот Свети Никола и наградите „19 декември“ се доделуваат по осми пат откако Општина штип ги востановени во 2009 година. Минатата година, добитник на орденот „Свети Никола“ беше каридохирургот Жан Митрев. Соопштени добитниците на наградите „19 декември“ – Орденот „Свети Никола“, постхумно за Киро Глигоров
|