Врачени наградите „19 декември“ и орденот „Свети Никола“ во Штип (ГАЛЕРИЈА) |
Tuesday, 19 December 2017 09:27 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски , во пресрет на одбележувањето на Денот на градот „19 декември“ и патрон на Штип „Свети Никола“, ги додели наградите „19 декември“ орденот „Свети Никола“. Највисокото одличје, орденот постхумно го доби починатиот и воедно прв претседател на независна Македонија, Киро Глигоров: - Претседателот Глигоров беше демократ којшто во својата долга и плодна политичка кариера секогаш се залагал за толеранција и искористување на придобивките на здрав политички дијалог. Не само што ја означи сувереноста и самостојноста на Македонија, туку и искрено и напорно работеше нашата земја да биде интегрирана во сите релевантни меѓународни организации. Неговите бројни походи по македонски успеси во светот беа ослободени од национализам, а посветени на мирот и пријателството, сѐ со цел за меѓународно етаблирање на македонската држава.„Македонија е сѐ што имаме,“ велеше претседателот Глигоров. А, за да го зачуваме тоа што го имаме, ние мораме да се однесуваме со достојна почит кон личноста којашто го одбележа најзначајниот период на современата историја на нашата земја - напомена градоначалникот Бочварски. Во име на претседателот Глигоров, орденот го прими неговата ќерка Донка Глигорова која се заблагодари на укажаната чест во име на целото семејство. Наградите „19 декември“ ги добија: Трајан Анеглов (бизнисмен), Бобан Николов (фудбалер), Наташа Петровиќ (актерка) и Сања Арсовска (актерка).Свеченоста се оддржа во соборниот храм „Свети Никола“.
|