Данок на имот |
Tuesday, 16 January 2018 14:11 | |||
There are no translations available. Во врска со реализацијата на наплатата на даноци од физички и правни лица на Општина Штип за 2016, 2017 и план за 2018 година, ве известуваме дека: Во 2016 година бројот на обврзници физички лица на данок на имот се 15.670. Планирани средства во буџет за 2016 година се 21.000.000 денари, а остварени 22.370.000 денари, односно со процент на реализација во однос на планираното 106% Во 2016 година бројот на обврзници правни лица на данок на имот се 291. Планирани средства во буџет за 2016 година се 14.000.000 денари, а остварени 13.818.000 денари, односно со процент на реализација во однос на планираното 99% Во 2017 година бројот на обврзници физички лица на данок на имот се 15.800. Планирани средства во буџет за 2017 година се 25.000.000 денари, а остварени 19.407.000 денари, односно со процент на реализација во однос на планираното 78% Во 2017 година бројот на обврзници правни лица на данок на имот се 309. Планирани средства во буџет за 2017 година се 16.000.000 денари, а остварени 13.589.000 денари, односно со процент на реализација во однос на планираното 85% За 2018 година бројот на обврзници физички лица на данок на имот се 15.988, а се планирани во буџет за 2018 година 25.000.000 денари. За 2018 година бројот на обврзници правни лица на данок на имот се 291, а се планирани во буџет за 2018 година 18.000.000 денари.
|