Средба со делегација на Општина Гоце Делчев, Р. Бугарија |
Tuesday, 16 January 2018 14:19 | |||
There are no translations available. Чест ми е што денеска во Општина Штип гостин ни е градоначалникот на Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, господинот Владимир Москов. Ова ни е втора средба за многу краток период, преку којашто сакаме да ја продлабочиме соработката за сега и за во идниот период. Јас веќе остварив една посета во Општина Гоце Делчев, каде имавме запознавање со Општината Гоце Делчев, нивните училишта, фабрики, со сѐ она со коешто располагаат како Општина. Денеска градоначалникот Москов и неговиот тим се во посета на нашата Општина. Ќе посетиме неколку локалитети во Општина Штип. Пред сѐ, ставам акцент на идната соработка во делот на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија во периодот од 2014 до 2020 година. Преговараме за да аплицираме заедно и да добиеме проекти од овој фонд, со тоа што разговараме за објекти и проекти во делот на туризмот. Она што е интересно и важно за граѓаните на Општина Штип е дека ние ќе настапиме и ќе аплицираме, ќе се договараме и ќе преговараме заедно со Општина Гоце Делчев за проекти од културното наследство на нашиот град, Исарот, штипско Ново село, за енергетски ефикасни објекти, училишта, за подобрување на инфраструктурата на училиштата, како и пристапни рампи за лицата со посебни потреби. Едно општинско училиште би можело да влезе овде како проект, но сега сме сѐ уште во фаза на преговарање и разговори. Кога ќе ги финализираме преговорите и разговорите ќе ја информираме јавноста за конкретните наши предлози коишто ќе ги имаме пред ИПА фондот.
|