Градежни активности во населба Ново село |
Wednesday, 17 January 2018 14:28 | |||
There are no translations available. Денеска се наоѓаме во штипската населба Ново село, каде деновиве се одвиваат повеќе градежни активности, а на задоволство на тукашните жители. После години негрижа и занемарување, конечно се посветува должното внимание на овој дел од градот, и тоа преку одржување на постоечката инфраструктура. Се уредува дворното место на ПУ „Ванчо Прќе“ и клон „Росица“ на градинката „Вера Циривири Трена“, со тоа што моментално се врши расчистување на теренот со палнирање и валирање. Предвидено е за десет работни дена да се изгради плато и пристапна патека од павер елементи со вкупна површина од 150 m2. Тоа ќе придонесе за подобар визуелен лик на ова дворно место, но и поголема безбедност на децата, на родителите и на наставниците коишто работат овде. За оваа активност обезбедени се 200.000 денари од буџетот на Општина Штип, а е реализирана од страна на ЈП „Стипион 2011“. Освен уредувањето на дворното место на подрачното училиште, во населбата Ново село деновиве се реализираат и други активности поврзани со уредување на речното корито на река Брегалница од страна на екипите на ЈП „Исар“. Пред неколку години во повеќе наврати се случуваше овој дел да се поплави заради немарност и неодржување на коритото на реката, така што со ова уредување се работи не само на естетскиот изглед на коритото, туку и на безбедносните димензии за жителите и објектите во овој дел од градот.
|