There are no translations available.
Врз основа на член 78 став 5 од Изборниот законик („Службен весник на РМ“, број 32/14-пречистен текст, 196/15, 35/16, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019) и член 2 став 2 од Одлуката за утврдување на местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати („Службен гласник на Општината Штип“, број 09/06 и 07/11), Градоначалникот на Општина Штип, на 25.02.2019 година утврди
У С Л О В И
ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ
ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019
1.Место за итакнување на изборни плакати може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции, како и група избирачи (во понатамошниот текст: подносител на листа за кандидат за претсатедател на Републиката) врз основа на одобрение од Градоначалникот на Општината Штип.
|