Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Деловни информации
Деловни информации
Број на невработено население
 
Деловни информации

industry1Штип е познат како индустриски регион со развиени индустриски гранки. Основен белег на стопанството во Штип е текстилната индустрија што повеќе од половина век успешно опстојува на штипското тло. Споредено со европските градови, Штип е еден од водечките, според бројот на вработени во текстилството. Тоа значи дека приватните фирми од кластерот се носители на вработувањето на штипјани. Воедно, важни се за воспоставувањето на деловните односи со странските партнери.

Во регионот работат многу модни конфекции меѓу кои исклучително по профитабилноста и значајноста на брендовите се истакнуваат неколку: Албатрос, Кит - Го, Модена, Мавис, Максима, Грација, Беас - С, Бритекс, Штипко, Штип - текс, Вивенди, Милано, Ескада и многу други.

Од аспект на интерните локални прехрамбени industry2производи, на врвот се наоѓа познатата штипска пастрмајлија. Како бренд на градот може да се најде во сите штипски ресторани.

Развојот на индустријата се планира и преку слободната индустриска зона, а како дополнителен стимул се јавува изградбата на карго-аеродром, согласно проект на Владата на Р.Македонија, кој со проширување и преадаптација би прераснал во главен аеродром на државата.

Во Штип вкупната аграрна површина изнесува 31 757 ха, од кои 9906 ха се обработливи површини. Карактеристика и благодет на земјоделството во Штип е тоа што во овој дел на Овчеполието протекуваат водите на ХС Брегалница и поголем дел од земјоделските површини се опфатени со системот за наводнување.

 


Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize