Среда, 09 Јуни 2021 08:20 |
Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Штип аплицираше со проекти за Реконструкција на локална улица „Панче Караѓозов“ со должина од 407,0 м и Реконструкција на крстосница помеѓу ул.„Сремски фронт“ и ул.„Борис Крајгер“ со должина од 530 м кои се дел од Тендер 2 за кој во најскоро време ќе се започне со нивна имплементација на терен.
|
Повеќе...
|
Вторник, 18 Мај 2021 12:23 |
|
Петок, 05 Март 2021 13:42 |
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „5ти Конгрес,“ и „Браќа Даневи“ , “Солидарност “во Oпштина Штип.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 18 Јануари 2021 13:27 |
Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР беа поставени во сите општини од регионот. Со овие агрометеоролошки станици им се обезбедуваат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и за планирање на сите агротехнички мерки кои треба да ги преземат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат агрометеоролошките станици вршат мерење на температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата.
|
Повеќе...
|