Вработување на државни службеници
- Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Согласно Правилникот за систематизација решението со барање за распишување оглас се доставува до Агенцијата за државни службеници.
-
- Агенцијата го објавува огласот во два дневни весника.
- Агенцијата формира мешовита Комисија за полагање стручен испит за државен службеник. Комисијата е мешовита од Агенцијата и општинската администрација. Стручниот испит се полага во Агенцијата за државни службеници.
- Градоначалникот формира Комисија за изготвување на ранг листа од кандидатите што го положиле стручниот испит. Комисијата е мешовита од општинската администрација и Агенцијата за државни службеници.
- Комисијата за утврдување на ранг листата врши интервју со сите кандидати што го положиле стручниот испит. Изготвената ранг листа ја доставува до градоначалникот на Општината.
- Градоначалникот врши избор на кандидатите од доставената ранг листа.
- Целокупната постапка е регулирана со Законот за државни службеници.
Постапка за прием на административно - технички работници
- Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Огласот се објавува во два дневни весника.
- Градоначалникот формира Комисија за утврдување на кандидатите кои ги исполнуваат условите.
- Комисијата доставува преглед на кандидатите кои ги исполнуваат условите по огласот.
- Градоначалникот врши избор од пријавените кандидати.
Целокупната постапка е регулирана со Законот за работни односи. |
Лице од општина Штип за обезбедување слободен пристап до информација од јавен карактер е Сунчица Ѓуфтеска. Може да ја контактирате на телефон 032/22 66 23 или преку е-пошта:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
|