1. УПИС ВО ТРГОВСКИ РЕГИСТАР
Пријава за упис на трговец-поединец во трговскиот регистар поднесува физичкото лице, кое бара да биде запишано како трговец-поединец или негов полномошник со посебно полномошно во коешто се наведуваат податоците што се запишуваат во трговскиот регистар.
2. ПОДАТОЦИ
Во пријавата за упис се наведуваат:
1) името и презимето, единствениот матичен број на граѓанинот (во натамошниот текст: ЕМБГ) и местото на живеење;
2) фирмата под којашто ќе се врши дејноста;
3) седиштето од каде што ќе се врши дејноста и
4) предметот на работење.
3. ПРИЛОЗИ
Кон пријавата за упис се приложуваат:
1) заверен потпис на трговецот-поединец кај нотар;
2) изјава од физичкото лице дека не му е изречена забрана да врши некоја од дејностите определени со овој закон и
3) изјава од физичкото лице дека уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, односно дека, во согласност со членот 29 од ЗТД, не постои пречка да стекне својство на трговец-поединец.
4) Едно физичко лице запишано како трговец-поединец не може, истовремено, по која било основа, да биде запишано како трговец-поединец под друга фирма.
|