Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Сектори и одделенија
Сектори и одделенија
Сектор за правно нормативни работи, информирање и услуги, информатичка поддршка и општи работи

Секторот за правно нормативни работи, информирање и услуги, информатичка поддршка и општи работи ги врши следните работи:

  • подготвува акти за советот и градоначалникот;
  • ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела;
  • врши стручни работи за советот и градоначалникот;
  • ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
  • врши информатичко-технички работи;
  • се грижи за техничко и функционално одржување на административните простории.
 
Одделение за правно нормативни работи, јавни набавки и поддршка на градоначалникот и советот

Одделението за правно нормативни работи, јавни набавки и поддршка на градоначалникот и советот ги врши следните работи:

  • подготвува акти за советот и градоначалникот;
  • ги подготвува седниците на советот и седниците на неговите комисии и други работни тела и учествува во нивната работа;
  • врши стручни работи за советот и градоначалникот;
  • доставува информации и податоци во врска со активностите на советот, комисиите и другите работни тела врз основа на закон;
  • изготвува акти за потребите на органите на општината;
  • ја застапува општината пред судовите, другите државни органи и правни лица;
  • спроведува постапки за јавни набавки;
  • врши компјутерска обработка на материјалите за седниците на советот, комисиите и другите работни тела на Советот на општината;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.
 
Одделение за услуги и информирање на граѓаните

Одделението за услуги и информирање на граѓаните ги врши следните работи:

  • прием на сите граѓани кои бараат услуга или информација од надлежностите на општината;
  • директно-усно информирање или упатување на граѓаните на соодветното место за неговото барање;
  • помагање на граѓаните во пополнување на барањата за соодветната услуга или информација;
  • евидентирање/архивирање на барањето во соработка со архивата;
  • следење на текот на извршување на предметите кои се предадени на извршување во задна канцеларија и информирање на граѓаните за текот и рокот кога ќе ја добие услугата или информацијата;
  • соработка со одделенијата во општинската администрација, за ефикасно и навремено услужување и информирање на граѓаните, преку постојана комуни-кација на вработените во општинскиот центар за услуги на граѓаните како предна канцеларија со извршителот на предметот во соодветното одделение како задна канцеларија;
  • учествува во решавањето на прашањата на припадниците на заедницата;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.

 

 
Одделение за информатичка поддршка

Одделението за информатичка поддршка ги врши следните работи:

  • одржување на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоци и апликативниот софтвер;
  • спроведува мерки за безбедност и заштита на информативниот систем во општината;
  • спроведува постапка за заштита на преносот на податоците;
  • врши поврзување на нови корисници на компјутерско-комуникациска мрежа;
  • инсталира, проверува и одржува опрема;
  • обезбедува резервни делови и техничка документација;
  • изготвува документација за базите на податоци;
  • врши надзор и одржување на базите на податоци;
  • спроведува постапка за заштита и реконструкција на базите на податоци;
  • дава помош на корисниците на информативниот систем во работата со базите на податоци;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.
 
Одделение за општи работи

Одделението за општи работи ги врши следните работи:

  • ракува со документите на општината и ги чува се до нивно уништување, односно предавање на Државниот архив на Република Македонија;
  • врши прием на пошта и други писмени материјали, води деловодник поединечно за секторите во електронска и печатена форма;
  • врши набавка на потрошен материјал и ситен инвентар;
  • ги врши стручните,административно-техничките и сметководствено финансиски работи на органите на обликот на месна самоуправа;
  • врши припрема, сортирање, умножување и копирање на материјалите за седници на советот и комисиите на Советот на општината;
  • се грижи за техничкото и функционално одржување на зградата на локалната самоуправа;
  • врши достава на сите писмени материјали до членовите на советот и другите правни и физички лица;
  • врши одржување и сервисирање на возниот парк;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.

* * * * * * * * * *

 
Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања ги врши работите поврзани со:

  • следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;
  • управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со буџетот;
  • подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот на општината;
  • подготовка на стратешкиот план на општината;
  • измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на општината;
  • контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;
  • спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола;
  • изготвување на финансиски план за извршување на буџетот (месечен, квартален и годишен) на општината, органите во состав и единките корисници на буџетот на општината;
  • следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на општината;
  • сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка;
  • подготовка за годишен финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
  • пресметувањето и исплатата на платите на вработените во општината;
  • утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината;
  • други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Законот за даноците на имот, Законот за комунални такси и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината;
  • врши и други работи од областа на финансиското управување и контрола.
 
Одделение за буџетска координација и контрола, координација и контрола на јавни набавки

Одделението за буџетска координација и контрола, координација и контрола на јавни набавки ги врши следните работи:

  • подготовка на буџетот на општината и негова измена и дополнување;
  • подготовка на стратешкиот план на општината и негова измена и дополнување;
  • следење на извршувањето на буџетот на општината;
  • изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
  • изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на општината и неговите органи во состав и единки на корисници согласно законските прописи;
  • дава мислење по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на другите субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на општината;
  • подготовка на извештај на реализирани програми, проекти и договори, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиската контрола;
  • подготовка на записници и извештаи за извршените контроли;
  • вршење на проценки на ризик на процесите на финансиското управување и контрола;
  • вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола, врз основа на извршена проценка на ризик и подготовка на извештај за спроведените самопроцени, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • математичка, формална и контрола на регуларноста на сметководствената документација пред да се изврши плаќањето врз основа на изготвени листи за проверки;
  • целокупна контролана сметководствената документација после извршувањето на плаќањето;
  • вршење проверка на исправноста на фактурите доставени врз основа на склучени договори за набавка и нивна усогласеност со испратниците/работните налози и порачките;
  • контрола на налозите за порачки до соодветните добавувачи согласно со склучените договори за набавки и следење на реализацијата на порачките.

 

 
Одделение за сметководство и плаќање

Одделението за сметководство и плаќање ги врши следните работи:

  • следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • пресметка и исплата на платите на вработените;
  • подготвување на завршна сметка и периодични извештаи за извршувањето на буџетот на општината;
  • подготовка на основните финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи;
  • сметководствено евидентирање на достасаните обврски и основните средства на општината;
  • исплата по сметководствена документација;
  • подготовка на извештај за планирани и потрошени средства по ставки (споредбен табеларен приказ) согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.
 
Одделение за администрирање на приходи

Одделението за администрирање на приходи ги врши следните работи:

  • утврдување на даноците, таксите и надоместоците кои се приход на општината;
  • утврдување наплатата на данок на подарок и наследство на имот;
  • утврдување на пазарна вредност на недвижностите во општината;
  • водење регистар на недвижен имот;
  • изготвување решенија за даночно ослободување;
  • други работи врз основа на Законот за данок на имот, Законот за комунални такси и надоместоци и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.

* * * * * * * * *

 
Сектор за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина

Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина ги врши следните работи:

  • просторно и урбанистичко планирање, издавање на одобренија за градење (за градби од втора категорија) на објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
  • заштита на животната средина, мерки за заштита и спасување на загадувањето на водата, воздухот и земјиштето;
  • следење на комунално станбената дејност утврдена со закон;
  • други работи кои ќе му бидат ставени во надлежност со акт на советот и градоначалникот.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 1 од 3

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize