Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Започни бизнис
Започни бизнис
УПИС НА ДОО/ДООЕЛ

centralen-registarДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ

1. НАЧИН НА ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВО

Друштвото со ограничена одговорност се основа со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи.

Ако друштвото го основа едно лице, договорот за друштвото се заменува со изјава на основачот за основање на друштвото со ограничена одговорност (во натамошниот текст: изјава за основање на друштвото).

Потписите на основачите на договорот за друштвото, односно потписот на основачот на изјавата за основање на друштвото се заверуваат кај нотар.

Основачите го склучуваат договорот за друштвото лично или преку полномошник, кој мора да има полномошно заверено кај нотар. Полномошно не е потребно ако застапникот на основачот врз основа на закон е овластен за него да го склучи договорот за друштвото, односно да даде изјава за основање на друштвото.

Основање на друштво со собирање содружници, односно со запишување влогови преку јавен повик не е допуштено.

2. ОВЛАСТЕНИ ЛИЦА

Пријавата за упис на основањето на друштвото ја поднесува управителот, односно управителот овластен од другите управители ако друштвото има повеќе управители.

3. ПОДАТОЦИ ШТО СЕ ЗАПИШУВААТ:

1) фирмата и седиштето на друштвото;

2) предметот на работењето на друштвото;

3) името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта ако содружникот е странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење, односно фирмата, седиштето, МБС, ако содружникот е правно лице;

4) износот на основната главнина;

5) денот на склучувањето на договорот за друштвото, односно денот на потпишувањето на изјавата за основање на друштвото;

6) времетраењето на друштвото ако тоа е определено со договорот за друштвото или со изјавата за основање на друштвото;

7) името и презимето на управителот, на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган за надзор, ЕМБГ, занимањето, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;

8) овластувањето за застапување на друштвото и

9) интернет страница ако друштвото има ваква страница.

Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.

4. ПРИЛОЗИ КОН ПРИЈАВАТА ЗА УПИС

1) договорот за друштвото, односно изјавата за основање на друштвото, со сите прилози вклучувајќи го и полномошното за полномошникот, заверени од нотар;

2) копија од пасош или од лична карта ако основач е физичко лице или од друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја, односно доказ за регистрација ако основач е правно лице;

3) доказ од банка овластена за вршење платен промет дека секој основач уплатил најмалку една третина од паричниот влог;

4) доказ дека е уплатена најмалку половина од основната главнина, но не помалку од 2.500 ЕВРА во денарска противвредност;

5) ако се внесуваат непарични влогови-договорите со коишто тие се утврдуваат и спроведуваат, извештајот на проценувачот, освен кога во согласност со членот 177 од ЗТД, не се врши процена и доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар;

6) одлуката за избор на управител, ако не е назначен со договорот за друштвото, во којашто се наведуваат името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;

7) изјава на секој управител на друштвото дека го прифаќа изборот-заверена кај нотар, а ако со договорот за друштвото е определено дека друштво коешто има повеќе од еден управител ќе го застапува само еден од управителите, заедно или без прокурист, и изјава дека се прифаќа застапувањето на друштвото на начинот определен во договорот за друштвото;

8) одлуката за избор на членовите на надзорниот одбор, односно на контролорот, ако друштвото има орган на надзор, во којашто се наведени името и презимето, ЕМБГ, бројот на пасошот, односно бројот на личната карта за странско физичко лице или на друга исправа за утврдување на идентитетот-важечка во неговата земја и неговото државјанство, како и местото на живеење;

9) доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар;

10) дозвола или друг акт на државен орган или на друг надлежен орган ако таа обврска е определена со закон за упис на друштвото во трговскиот регистар;

11) изјава од застапникот по закон на правно лице, односно изјава од физичко лице, заверена кај нотар, односно приложување доказ дека не постои пречка за да биде основач на друштвото, во согласност со членот 29 ЗТД и

12) изјава, во согласност со членот 32 од ЗТД

Управителот, односно лицата кои според договорот за друштвото, се овластени за застапување приложуваат потписи заверени, приложени и дадени во согласност со членот 65, ставови (2) и (3) од ЗТД

5. УПИС НА УПРАВИТЕЛ

Управителот, неговото овластување за застапување на друштвото и сите промени, без одлагање, се запишуваат во трговскиот регистар.

ПРИЛОЗИ:

1) одлуката за избор на управителот, освен ако назначувањето не е извршено со договорот за друштвото;

2) одлуката за отповикување, ако претходниот управител бил отповикан;

3) оставката во писмена форма, ако на претходниот управител му престанал мандатот со оставка;

4) актот со којшто се определува видот и обемот на застапувањето;

5) доказ дека нема забрани според членот 231 став (4) ЗТД и

Потписот на управителот, односно потписите на лицата овластени за застапување-заверени, приложени и дадени во согласност со членот 65 ставови (2) и (3) од ЗТД.

Повеќе...
 
УПАТСТВО ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА НА EVN МАКЕДОНИЈА
  1. EVNПриклучувањето на објектите на правните и физичките лица на електричната мрежа на EVN Македонија се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на EVN Македонија.
  1. Согласност за приклучување на електричната мрежа на EVN Македонија е потребна  при:
  • изградба на нов објект кој се приклучува на електричната мрежа,
  • зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на електричната мрежа,
  • промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на електричната мрежа,
  • промена на техничките карактеристики на уредите на корисниците на електричната мрежа кои имаат изразено повратно влијание на електричната мрежа,
  • обединување на повеќе мерни места во едно мерно место, и
  • поделба на мерното место на поголем број на мерни места.
  1. Барањето за согласност за приклучување се поднесува до Корисничките енергетски центри на EVN Македонија во писмена форма на образец БСП – 1  кој може да се прибави без надомест во Корисничките енергетски центри на EVN Македонијакаде е лоциран објектот на корисникот.

  1. EVN Македонија нема да ги приклучи објектите на правните и физичките лица кои:
    • немаат прибавено согласност за приклучување на електричната мрежа,
    • самоволно изградиле приклучок спротивно на Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Решението за согласност за приклучување на дистрибутивната мрежа
  1. Неовластено приклучените правни и физички лица ќе бидат исклучени од мрежата на EVN Македонија и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кражба на електрична енергија.
  1. EVN Македонија е должнa да издаде Решение за согласност за приклучување на барателот на електричната мрежа кое содржи технички услови и детална пресметка на трошоци за изведба на приклучокот и трошоци за приклучување на дистрибутивниот систем (ставање под напон).
  1. Рокот за издавање на Решение за согласност за приклучување изнесува 15 дена за стандарден приклучок и 60 дена за нестандарден приклучок согласно мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија од денот на поднесувањето на барањето за приклучување.
  1. EVN Македонија ќе го одбие барањето за приклучување доколку:
  • не постојат технички услови за приклучување на корисникот на дистрибутивниот систем според барањето на корисникот,
  • приклучувањето на корисникот на електричната мрежа, според податоците содржани во барањето на корисникот, може да предизвика загрозување на сигурноста во снабдувањето на останатите потрошувачи.
  • барателот има неплатени обврски кон EVN Македонија.
  1. Незадоволната странка има право да изјави жалба против Решението за одбивање на барањето за согласност за приклучување на EVN Македонија до Регулаторната комисија за енергетика во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 2 од 2

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize