Одделението за администрирање на приходи ги врши следните работи:
- утврдување на даноците, таксите и надоместоците кои се приход на општината;
- утврдување наплатата на данок на подарок и наследство на имот;
- утврдување на пазарна вредност на недвижностите во општината;
- водење регистар на недвижен имот;
- изготвување решенија за даночно ослободување;
- други работи врз основа на Законот за данок на имот, Законот за комунални такси и надоместоци и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.
|