Одржана промоција на водич „Како до родово-еднаква општина?“ |
Петок, 15 Март 2019 14:11 | ||||
Во рамки на проектот „Мобилизирање за родова еднаквост“ кој беше имплементиран од страна на Реактор – Истражување во акција, а со Финснсиска поддршка на Агенцијата за меѓународен развој на САД, УСАИД, На 14 март во Скопје во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза се одржа работилница во организација на НВО Реакор. На работилницата беше промовиран водичот „Како до родово еднаква општина?“ Истиот беше изработен како резултат на истражувањето кое го изврши Реактор, а се однесува на изготвување на индекс кој ќе ја мери родовата еднаквост во општините. Водичот содржи препораки за општинските власти, како тие преку своето работење да придонесат за намалување на родовите разлики во општините и до подобрување на програмите и услугите кои го подобруваат животот на жените и девојчињата, а со тоа и на сите граѓани во општините. Наодите од мерењата покажуваат дека постои нееднаквост помеѓу жените и мажите во речиси сите општествени сфери во општините , а особено кога станува збор за: соспственост на имот, политичко учество на жените на локално ниво, вработеноста, просечната плата и просечната пензија.
На работилницата свое обраќање имаа и претставничката од Секторот за ендакви можности при МТСП, државната советничка Јована Тренчевска која зборуваше на тема: „ Активсности за родова еднаквост и механизми на Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика “и претставничка од ЗЕЛС, одговорна за родовата еднаквост, Ирена Николов која зборуваше на тема: „ Родово одговорно буџетирање и зошто е важно“.
Во делот предвиден за активно учество на координаторите и координаторките за еднакви можности и советничките од Комисииите за еднакви можности беше организирана работа во групи при што членовите на групите добија задолжение да ги напишат предизвиците со кои секојдневно се соочуваат во својата работа. Одговоите на групите беа слични во речиси сите групи, односно во сите општини: недоволна сензибилизација на општинските администрации и советниците кои постојано се менуваат и имаат мандат од 4 години на темата родова рамноправност (потреба од едукација и на администрацијата и на советниците за родова еднаквост), нередовно одржување на седници на КЕМ, недоволна заинтересираност на советниците за активно учество во КЕМ, непостоење на посебна ставка во буџетите на општините наменета за родова рамноправност, непостоење на интерсекторски групи составени од претставници од различни сектори и одделенија кои би работеле на проблематиката со родовата рамноправност, потешкотии при изготвување на годишните извештаи на координаторките и координаторите за еднакви можности, недоволна координација со МТСП, неподготвеност на службите за давање на родово разделена статистика, непостоење на стратешки документи за родова еднаквост во општините и сл. Во наредниот период Реактор ќе продолжи со скенирање на состојбата на полето на родовата еднаквост на општините и наредниот индекс ќе биде изработен во 2020 година. Од Општина Штип присутни на настанот беа координаторката за еднакви можности Снежана Санева и претседателката на Комисијата за еднакви можности Бети Тасевска.
|