Одржано предавање за остеопорозата |
Вторник, 05 Ноември 2019 10:47 | |||
По повод Светската недела за борба против остеопороза, на 4 ноември 2019 во Салата на Советот на Општина Штип се одржа предавање на тема „ Остеопороза – превенција и лекување“ . Предавач беше д-р Светлана Тофиловска Јосифовска, интернист од ЈЗУ Клиничка болница Штип, а учесник во предавањето беше и сестра Бети Чурај од ЈЗУ Здравствен дом Штип која работи на апаратот за откривање н а остеопорозата. Остеопорозата е болест која во најголем процент (80%) ги зафаќа жените, но можно е да се појави и кај машката популација. Возрасната граница од над 45 години е ризик фактор за појавување на оваа болест. Ако не се лекува, доаѓа до порозност и лесно кршење на коските при инцидентни ситуации поради самата тежина на телото на пациентот. Лекувањето трае најмалку 5 до 7 години. Внесувањето на калциумот на правилен начин, заедно со витамин Д е предуслов за успешно лекување. Во зависност од степенот на заболеност, пациентите може да добиваат секојдневна, неделна, месечна или терапија на секои 6 месеци. Дензенометарот е апарат кој е единствен во Штип за цела Источна Македонија и претставува голем предизвик прегледот и скенирањето на истиот затоа што дневниот број на прегледи кој е возможен изнесува само 10. Но, и покрај ова, голем број на жени од сите градови во Источниот регион добиваат упати од матичните лекари за користење на овој апарат. Правилниот начин на исхрана, богата со калциум, како и постојаните животни навики кои вклучуваат постојано движење и рекреирање, се едни од условите да се превенира оваа болест.
|