Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности Одржана работилница за изготвување на Акциски план за заштита на жени и девојчиња, жртви на родово базирано насилство
Одржана работилница за изготвување на Акциски план за заштита на жени и девојчиња, жртви на родово базирано насилство
Четврток, 12 Декември 2019 14:07

AP-Nasilstvo-01Во периодот од 21- 23 ноември во Охрид, НВ ЕХО и Организацијата на жени од Струмица реализираа работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство. На работилницата учествуваа членови на мултисекторските тимови од Штип и Струмица кои дадоа активен придонес во подготовката на заедничкиот акциски план. Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „ Да креираме бранови на промени за родова рамноправност, што ЕХО го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Kvinna till Kvinna.

Од Општина Штип, учествуваа Снежана Санева координаторка за еднакви можности и Зорка Јованова, член на интерсекторската група за еднакви можности на Општина Штип, вработена како виш референт во Одделението за правно-нормативни работи и поддршка на советот.

          На работилницата се работеше на темите поврзани со изготвување на акциски план: што е акциски план, зошто е потребно да се изготви, кои се чекорите при изготвување на акциските планови, што значи SWOT анализа, односно кои се силните, кои се слабите страни, кои се можностите и заканите при изготвување на акциските планови. Беа наведени и релевантни меѓународни и национални документи за анализа: Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство или позната како Истамбулска конвенција и Акциски план за спроведување на Конвенцијата на Советот на Европа 2018-2023. Со интерактивен пристап, преку вежби во групи, беа вклучени сите членови од двата мултисекторски тима на заедницата од Штип и Струмица. Беа дефинирани визијата и мисијата на тимовите при реализирањето на акцискиот план. Беа дефинирани приоритетите како и целите кои треба да се постигнат со секој приоритет, а од нив произлегоа и конкретни активности за кои треба да се определи кога, како и кој ќе ги реализира како и буџетските алокации. На крај се донесе заклучок дека Мултисекторските тимови на заедницата се тела кои треба да функционираат и во други општини и дека ЕХО и Организацијата на жени од Струмица треба да работат на формирање на вакви тимови во уште најмалку 6 градови на државата.Беа најавени и две средби со членовите на Мултисекторските тимови на заедницата со градоначалниците на Струмица и Штип. На средбите треба да се договорат за финансиска поддршка од страна на општините за конкретна помош на жртвите на родово базираното насилство.

 

 

 

AP-Nasilstvo-02

AP-Nasilstvo-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize