Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности Обука за обучувачи за родово одговорни политики и буџети
Обука за обучувачи за родово одговорни политики и буџети
Вторник, 10 Декември 2019 11:02

Obuka-PolitikiBudzeti-01Во периодот од 2 до 5 декември во Маврово се одржа обуката за обучувачи за концептот родова еднаквост и родово одговорно буџетирање како дел од проектот „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската меѓународна агенција за развој - Сида.

 

Претставници/чки од 18 општини имаа можност да се стекнат со обучувачки вештини за воведување на родовата перспектива во локалните политики и буџети. Учесниците/чките ќе можат, во иднина, да им обезбедат основна обука за РОБ на нивните колеги од општините. Учесници од Општина Штип беа координаторката за еднакви можности Снежана Санева и заменик координаторката Марина Митревска.

На обуката беа презентирани пет модули значајни за спроведување на родово одговорното буџетирање во општините:

  • Прв модул: Што претставува вклучувањето на родовата перспектива во политиките во буџетите. Пет чекори за вклучување на родовите аспекти во политиките и буџетите преку различни типови прашања. Законодавна рамка и политики за вклучување на родовата перспектива во главните текови. Методи за обезбедување на повратна информација.
  • Втор модул: Клучни принципи на рододво одговорното буџетирање на локално ниво. Вовед во управувањето со јавните финансии. Структура и карактеристики на локалниот буџет. Влезни точки за  РОБ во буџетскиот процес.
  • Трет модул: Вовед во проценката на родовите политики. Начини/методи за спроведување на родово сензитивни анализи на политики. Примена на пристапот од 5 чекори за проценка на политиката.
  • Четврт модул: Што се родови статистики , Што се родови индикатори. Разлики меѓу родово слепи, родово неутрални и родово сензитивни индикатори. Начини за развој на индикатори по сектори. Родова статистика – добри практики за прибирање податоци на локално ниво.
  • Петти модул: Стилови за учење на возрасни, проценка на потребите на учесниците. –

-        Планирање на обуката

-        Подготовка на обуката

-        Спроведување на обуката

-        Евалуација на обуката

По презентирање на модулите, на учесниците им беше дадена задача да испланираат тек на една обука, со воведен, главен и завршен дел, при тоа применувајќи повеќе различни методи и техники. После секоја одржана презентациај следеше анализа за добрите страни и недостатоците на презентацијата со цел да се воочат грешките и да се стекне искуство за избегнување на истите, а воедно да се даде стимул на идните обучувачи во нивната понатамошна работа. На крај експертите од областа истакнаа дека се позитивно  изненадени и фасцинирани од интересот на учесниците и од сериозниот пристап, така што во иднина се очекува обучените претставници од општините да го презентираат овој концепт како пред колегите од администрација, така и пред советниците на општините. 

 

Obuka-PolitikiBudzeti-03Obuka-PolitikiBudzeti-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize