Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности Одржана трибина за промовирање на Законот за заштита и спречување на дискриминација
Одржана трибина за промовирање на Законот за заштита и спречување на дискриминација
Четврток, 13 Февруари 2020 14:15

03Tribina-12022020-01На 12 февруари 2020 година во Хотел Оаза во Штип се одржа трибина за промоција на кампањата „Механизми за заштита и спроведување на законот за спречување и заштита од дискиминација на локално ниво“ . Трибината беше оганизирана од страна на Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со Локалното координативно тело за заштита од дискриминација на Општина Штип и координаторката на телото.

Говорници на трибината беа Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација, Весна Шалева Милева, претставник од подрачната канцеларија на Народниот правобранител од Штип, Благица Киров од НВО ЕХО која се бави со помош и поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство и Снежана Санева, координаторка за еднакви можности на Општина Штип.

На трибината беа присутни претставници не стручните служби од основните и средните училишта, претставнички од невладиниот сектор како и членовите на ЛКТЗД на општината.

Снежана Санева во своето обраќање ги презентираше сите проекти и активности кои општината ги има реализирано за заштита и спречување од дискриминација во периодот од 2010 до 2019 година. Таа го исатакна следново:

„Се` почесто на медиумите слушаме и гледаме тажни судбини на исклучени, запоставени, заборавени поединци кои поради економска немоќ, болест, долгогодишна невработеност, старост и сл. се оставени на маргините на општеството. Се прашуваме како дошло до тоа, кој е виновен, често си ја префрлуваме вината едни на други и се прашуваме дали може да ни се случи тоа и нас. Верувајте, секој еден човек може по игра на судбината да стане немоќен, да биде инвалидизирано лице, да биде во било каква тешка ситуација и да му биде потребна некаква помош. Но најболно од се` е кога на некого ќе му бидат скратени правата. Ќе биде ставен во нерамноправна положба со останатите, ќе биде третиран “ поинаку. Чувството на осама, исклученост и отфрленост ја ранува душата многу повеќе од било што и прави од поединците да бидат несигурни, поразени и инфериорни личности. Тоа е деструктивното делување на дискриминацијата. Таа создава немоќни поединци за кои е потребно да се вложат повеќе средства и ресурси од државата. Значи, самата дискриминација во секој случај не` прави послаба и поранлива заедница и затоа е многу подобро истата да се препознае во ран стадиум, да се развијат механизми кои ќе ја детектираат и ќе ја спречат“.

Покрај ова, координаторката ја презентираше и работата на Локалното координативно тело за заштита од дискриминација. Претставничката од канцеларијата на Народниот правобранител им ги претстави надлежностите на оваа институција како и податоците за бројот на пријавени случаи на дискриминација во нивната канцеларија. Од НВО ЕХО беа споделени искуствата за работата и првната помош што тие им ја имаат давано на жртвите кои биле подложени на родово базирано насилство, што претставува и еден вид на дискриминација. Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација зборуваше за новиот Закон за заштита и спречување на дискриминација, ставајќи акцент на промените и дополнувањата, а секако ги објасни и заштитните механизми кои може да се искористат за да се спроведе успешна заштита од дисриминација на локално ниво. На крај, беа презентирани два видео материјали како дел од Националната кампања за борба против дискриминацијата. Во дискусијата која се разви, беа посочеи проблемите со сегрегацијата на децата од помали етнички заедници ,конкретно ромската заедница во образованието. Стручните соработници од ООУ Гоце Делчев го посочија ова како мошне горлив проблем и констатираа дека проблемот не може да се решава еднострано, односно дека е потребна добра волја и почитување на принципот на реонизација при упис на децата од страна на родителите, но и од страна на самите дирдектори на улилиштата.

Беа извлечени заклучоци дека е потребен координиран пристап на институциите при справување со дискриминацијата во заедницата.

03Tribina-12022020-02

03Tribina-12022020-03

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize