Тематска трибина „СТОП за родово базираното насилство“ |
Четврток, 09 Декември 2021 12:42 | |||
Во рамки на кампањата на светско и на национално ниво „16 дена активизам за борба против родово базираното насилство“, Општина Штип на 7 декември 2021 год се вклучи со организирање на тематска трибина „СТОП за родово базираното насилство“. Предавачи беа претставниците од три институции: од СВР- Штип, командир на полициска станица Драган Данев, од ЗГ ЕХО- правен застапник Благица Киров и од ЦСР – Штип, социјален работник Зорица Богданова. На трибината на присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој истакна дека Општината мора да води грижа за сите граѓани, за нивната благосостојба, здравје и безбедност. Во таа насока, родово базираното насилство е деструктивна појава во заедницата против која мора да се борат сите релевантни чинители , со заеднички, координиран и повеќеинституционален пристап. Само така може да се постигне успех и да се намали ова зло на денешницата. Жените и девојките како претставнички на понежниот пол, не смеат да бидат изложени на никаков облик на насилство, вклучувајќи го физичкото, сексуалното, психолошкото, економското насилство. Затоа во иднина ние како општина, ќе дадеме поддршка на институциите кои професионално и системски се борат против насилство врз жени и девојчиња.
|