ЈП Исар |
Со одлука на Советот на Општина Штип од 11 март 1997 година сите материјални и нематеријални вложувања од ЈП “Фортуна”се пренесени на ЈП “Исар”. Јавнното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар”е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип.
Правна форма: Ј.П. за комунално производни и услужни работи Дата на основање: 11.03.1997год. Адреса: ул.”Г.М.Апостолски”бр.37 Штип;Р. Македонија Тел./факс: +389 32 391 125; +389 32 391 125; +389 32 390 477 Основач: Општина Штип
Производството и дистрибуцијата на вода и одведувањето на отпадните води во целокупната дејност на ЈП Исар учествува со 71,58%, изнесувањето и депонирањето на отпадоци и чистење на јавно - прометни површини учествува со 18,59%, одржување на зеленило учествува со 3,40%, а останатите дејности со 6,43%. Од вкупно 43.000 жители на градот на водоводната мрежа се приклучени околу 95%, додека на канализационата мрежа се приклучени околу 90%.
Дејности - Водовод и канализација
РЕ Водовод и канализација ги извршува следните дејности од јавен интерес: производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадна вода. РЕ Водовод и канализација врши редовно снабдување на град Штип и приградските населби Три Чешми и с. Караорман, како и селата Драгоево и Долани. Одржувањето на овие системи е континуирана активност што ја извршуваат вработените по предходно изработениот план. Оваа работна единица врши оддржување на постоечката главна и секундарна канализациона мрежа во градот и приградска населба Три Чешми. РЕ Водовод и канализација извршува и работи кои се сврзани со проектирање, изградба и реконструкција на системот за водоснабдување и на системот за одвод на отпадни води.
Дејности - Комунална хигиена
РЕ Комунална хигиена ги извршува работите од областа на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад во Општина Штип како и одржувањето на јавната чистота во општина Штип.
- Собирање на отпадот Собирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад ќе се врши во специјални садови и тоа: - 5 контејнери со запремнина од 1,1м3 распоредени во централното градско подрачје - 205 контејнери со запремнина од 5м3 распоредени на територијата на град Штип и во индустриската зона - Канти за смет од 80л распоредени на физичките лица.
- Изнесување на отпадот Динамиката на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст отпад е изготвена во зависност од густината на населението, количината и условите за изнесување на истиот. Физичкиот обем на задачите е дефиниран преку регистрирањето на стамбените, дворните и индустриските површини како и предвидените превозни средства со кои се извршуваат работите. Димензионирањето на работната рака е извршено врз основа на просечните норми и преку снимањето на работните дневни задачи и утврдување на норми.
- Депонирање на отпадот Депонирањето на отпадот се врши на градската депонија за комунален цврст отпад која се наоѓа во месноста Трештена скала. Во согласност со опреативниот план на ЈП Исар - Штип за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за 2009 гоина.
Погребална служба - врши погребни услуги, - уредување и одржување на гробиштата, - изградба на надгробни споменици.
Возен парк Секторот возен парк при ЈП „Исар” - Штип располага со: • 35 редовно вработени лица • 11 лица вработени по договор од кои • 1 раководител • 3 референти • 1 одговорен механичар • 31 возач • 3 механичари • 1 електро механичар • 3 бравари • 1 перач и • 2 општи работника.
Пазар и наплатна служба - Резервација на Продажни места - Одржување на хигиената на пазарот - Обезбедување на имотот на Пазарот - Авто пазар
РЕ Зеленило ЈП „Исар“ Штип преку РЕ Зеленило и спортски објекти ја извршува дејноста уредување и одржување на паркови, зелени и рекреациони површини и одржување на спортски објекти. - Јавни градски паркови, дрвореди, скверови, тревници, цветни површини, излетнички места и приградски пошумени реони и појаси се групирани во 8 реони.
Бања Кежовица со хемиско чистење РЕ „Бања Кежовица“ во рамките на своите активности ги врши следниве основни дејности: - обезбедува услови за бањско капење на граѓаните; - ноќевање и престој на гости во сопствени сместувачки капацитети; - перење и пеглање на постелини и секаков вид облека; Во делот за бањско капење бањата располага со женски и машки општ дел со соблекувални и 15 посебни туш кабини. Сместувачкиот дел располага со 12 соби со вкупнао 32 легла и општа кујна со трпезарија. Комплексот располага и со сопствена перална и машина за пеглање кои се користат за сопствени потреби.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите тел. +389 32 391 125 +389 32 391 157 факс. +389 32 392 671
|