Центар за услуги на граѓаните – шалтер бр. 2
За добивање на лиценца потробно е да се достави:
Барање (готов образец од општината) со:
- назив, седиште, матичен број и даночен број на превозникот, подносителот на барањето, доколку подносителот е правно лице;
- име и презиме, единствен матичен број, даночен број и адреса на превозникот, подносител на барањето, доколку подносителот е физичко лице;
- вид на превоз за кој се бара издавање на лиценца;
- податоци за моторните и приклучните возила со кои ќе го врши превозот и за кој се бара издавање на извод од лиценца;
Кон барањето се приложуваат и:
- Решение од Централен регистар, со претежна дејност -општински линиски превоз на патници и стока во патниот сообраќај не постаро од 60 дена,
- Доказ за сопственост на едно или повеќе возила со најмалку 16+1 седиште или договор за лизинг за истите,
- Копии од сообраќајни дозволи на возилата регистрирани на фирмата заверени на нотар или копија од договор за лизинг,
- Потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони карактеристики на возила,
- Копија од актот за поседување на сопствен капацитет за паркирање и одржување на возилата или договор заверен на нотар за користење на таков капацитет со важност од најмалку 4 години,
- Копија од обрасците М1 и М2 за вработените возачи и потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за платени придонеси, не постари од 90 дена,
- Доказ од надлежен суд дека не е во сила правосила судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај, не постар од 60 дена,
- Копија од сертификатот за професионална компетентност на управителот (освен за трговец поединец),
- Доказ за уплатени 3 000 денари на име административни такси
Рокот за донесување на актот е 30 дена по приемот на комплетната документација.
|