Црквата „Света Богородица” се наоѓа во Ново Село. Таа е едно од ремек - делата на познатиот македонски мајстор Андреа Дамјанов. Има форма на базилика со трокатни нивелации што му даваат посебен облик на кровот. Внатрешноста е богато украсена со растителни мотиви и животински фигури. Иконостасот е прекрасен дрворез. Според знакот што се наоѓа над влезот од јужната страна, црквата била реновирана во 1850 год. Според кажувањата на Штипјани, браќата Дамјанови ја граделе црквата 31 година. Каменот бил влечкан со дрвени коли, а бил обработуван рачно. Била формирана галерија на ретки икони на вториот кат. Денес таму има машки и женски олтар, бидејќи во црквата живееле и калуѓерки. Црквата имала скришно место каде револуционерот Гоце Делчев се криел. Во ѕидовите на храмот се лоцирани уште две места во кои се криеле околу 30 - тина други лица. Користејќи го тунелот што постоел под тронот на Архиепископот во црквата, а кој водел до куќите, востаниците се криеле и бегале од Турците.
|