Кадин Ана Џамија |
Кадин Ана Џамија е главен верски објект на муслиманската популација во Штип. Додека џамијата Хуса Медин Паша има историско значење, Кадин Ана Џамија е во употреба и служи како објект во кој припадниците на исламската вероисповед ги извршуваат своите муслимански верски обичаи. Изградена е во 19 век, но прецизни податоци за тоа нема. Првобитната форма и надворешност на Џамијата се променети, со оглед на естетските градежни зафати што беа преземени пред неколку години.
|