Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Култура
Културно - историско наследство
Црква Свети Спас

sv.spasНа едно израмнето карпесто плато, на левата страна од реката Отиња, е поставена црквата „Свети Спас“. Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите. Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување било изведено во 1601 година, од страна на зографот Јован, кој се потпишал на грчки јазик. Околу неа има некропола со гробови со различна временска припадност.

 
Црква Свети Никола

Еден од најрепрезентативните сакрални објекти во ШтипCrkva_Sveti_Nikola_2 е соборната црква Свети Никола. Изградена е од протомајсторот Андреја Дамјанов на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола (1341 год.), од протомајсторот градител Ѓорѓи Новаков - Џонгар. Постои натписна плоча вградена над главниот западен влез, чиј текст вели дека црквата била изградена во времето на Митрополитот Ќустендилски и Штипски, Игнатија,  на 10 мај 1867 год.

Градителот Ѓорѓи Новаков - Џонгар, инспириран од оствареното архитектонско наследство на Андреја Дамјанов и угледувајќи се на ренесансните и барокните влијанија, гради повеќе цркви во Македонија, Србија и Бугарија.

 
Свети Архангел Михаил

Sveti_Arhangel_Mihail_1По патот што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на XIV век, од страна на протосевастот Хрелја, а во 1334 год. е приложена кон Хиландар од страна на Цар Душан. Таа е еднокуполна црква, чија основа е со форма на впишан крст. Фасадата е декорирана со блокови од обработен камен, така што посебно се издвојува западната фасада каде се наоѓа единствениот влез во црквата. Впечатливо е и дворното место во кое се влегува преку камена порта со полукружен главен влез и два споредни - еден до друг.

 
Свети Јован Крстител

На десната страна на реката Отиња, на јужната страна на Исарот се наоѓа црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата е изградена во 1350 год. Тоа е црквичка со една одаја.

Изградена е со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Оливер. Денес се видливи само фрагменти од фреско сликарството. Тоа е фреската на Цар Константин и Царица Елена што се наоѓаат на јужниот ѕид на црквичката.

 
Галерии на икони

Желбата пред пошироката јавност да се презентира и да биде достапен до посетителите богатиот фонд на икони, како и сакрални предмети, а истовремено тие да бидат што подобро заштитени и негувани, придонесе да се оформи една галерија на икони сместена во галерискиот простор на црквата Св. Никола во Штип.

ikoni_Artistic_12

Галеријата на икони е формирана во 1990 год. Таа содржи голем дел од уметничките ракотворби од Брегалничкиот регион.

Иконостасот на црквата е величествен и содржи многу вредни икони. Постои и полукружен свод што е зацврстен на четири основи во олтарот, а е наменет за богослужби. Иконите, иконостасот и останатите фрески се сметаат за своевидно културно-уметничко богатство, не само на црквата и на градот туку и на цела Македонија. Галеријата е збогатена со: рачно изработени икони од многу познати зографи, кои работеле на Истокот помеѓу 17 и 19 век, ретки и стари црковни книги, графирани сребрени крстови, метални и бакарни изграфирани чаши за богослужение и други вредни сакрални предмети.

Artistic_13-ikonografija_resize

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 4 од 5

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize