Античкиот град Баргала и понатаму е главен извор на материјал од антички период. Градот Баргала се споменува и во актите на Халкедонскиот собор од 415 год. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 год., кој претставува спомен - плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на реката Брегалница, во атарот на Општина Карбинци. Овој поменик дава податоци каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија кон Тракија и Дакија. Името на градот е со тракиско потекло.
|
Повеќе...
|
|
Штипјани активно се вклучуваат во НОБ. Во екот на Втората светска војна во отпорот против фашизмот се вклучуваат околу 2000. При тоа околу 814 лица ги загубиле животите од кои 88 во директен судир со непријателот. Во чест на загубените животи во 1974 год. тогашното Собрание на Општина Штип подигна Меморијален споменик на паднатите борци во НОБ. Споменикот е идејно решение на архитектот Богдан Богдановиќ и истиот се наоѓа на источната страна на Исарот. |
Во чест на депортираните Евреи од Штип во 1985 год. е подигнат споменик. Споменикот е дело на уметникот Методи Андонов и го симболизира животниот пат на Евреите. Линијата на животот е прекината на 11 март 1943 год. кога 551 лица се депортирани од Штип и убиени во концентрациониот логор Треблинка. Споменикот се наоѓа до зградата на Заводот и Музеј - Штип. |
Конфликтот од 2001 год. остави три Штипски семејства без своите храбри синови. На 4 март 2001год., капетанот Кирчо Димитровски (33) загина во реонот на село Танушевци. Беше оженет и зад себе остави два сина.
На 3 мај 2001 год. околу 5:40 часот припадници на АРМ во село Ваксинце, Кумановско, влегоа во заседа од група терористи. Во престрелката смртно беа ранети двајца војници. Загинаа Димитар Двојаковски (29), војник по договор, оженет и татко на еден син и Влатко Петров (24), војник по договор од село Чардаклија, штипско.
|
|
Општина Штип никогаш нема да ги заборави своите синови, кои загинаа за мирот и безбедноста на Македонија. Во месноста Суитлак и во Штипската касарна беа подигнати споменици во нивна чест. |
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
Страница 5 од 5 |